Зајакнете го имунитетот: Овие намирници можат да ви помогнат да се подготвите за есен

Првите денови од септември донесоа освежување, но и вируси кои едвај чекаа да ни ослабне имунолошкиот систем. За да им се спротивставиме, треба добро да се храниме и да ги вклучиме овие намирници во поголеми количини во нашите оброци.
Со промената на начинот на исхрана со доаѓањето на постудено време телото може многу полесно да се прилагоди на новите услови, но и да му обезбеди дополнителна енергија во сивите, дождливи денови. Оваа промена не мора нужно да биде ненадејна, но секако се препорачува, за телото да ги добие сите потребни хранливи материи, витамини и минерали. Кои се најпосакуваните намирници во деновите што претстојат и кој е најдобриот начин за нивна подготовка?

Тиква – извор на бета-каротин и витамини



Тиквата е богата со бета-каротин, кој се претвора во витамин А во нашиот организам. Покрај тоа, тиквата е богата со витамин Ц и цинк, кои исто така го зајакнуваат нашиот имунитет. Има бескрајни начини за подготовка на тиква: можете да направите окрепувачки потаж, да ја послужите како прилог на главното јадење или да подготвите пита, која со малку цимет ќе биде одличен десерт.

Јаболка – ризница на витамини и антиоксиданси



„Едно јаболко на ден го држи лекарот надвор“, е поговорка која често се користи. И со причина. Јаболките се богати со антиоксиданси, влакна и витамин Ц, кои во комбинација имаат многу позитивно влијание на нашиот имунолошки систем. Можете да направите сок, да ги печете во рерна со додаток на цимет, да ги додадете во овесна каша или едноставно да ги јадете сирови – што и да одлучите, телото ќе ви се заблагодари.

Сладок компир (батат) – богат со јаглехидрати и калиум



Слаткиот компир или бататот е вистинско богатство на здравјето: содржи големо количество минерали (особено калиум), витамини А и Ц, како и голем процент на јаглехидрати, благодарение на кои ќе бидете сити и здрави. Слаткиот компир е одличен во комбинација со друг зеленчук, можете да го подготвите и со месо, а некои сакаат да го пржат со малку зачини и маслиново масло и да го јадат како закуска. Секако, овој необичен зеленчук е одличен за имунитетот, па затоа се препорачува да го имате што повеќе на трпезата, особено наесен.

Брусница – здравје во бобинки


Брусницата е одличен сојузник во борбата против вирусите благодарение на големото количество антиоксиданси и витамин Ц, а одлични се и за здравјето на кардиоваскуларниот систем. Одредени студии, исто така, укажуваат дека брусницата игра важна улога во спречувањето на инфекции на уринарниот тракт, пишува порталот Helt Atlast. Може да се јадат сурови, суви или да се додадат во омилената каша или смути, а може да се користат и при подготовка на колачи и мафини.

Кељ – имунолошка „бомба“ и убиец на вируси


Кељот е исклучително важен за добар имунолошки систем: богат е со витамини А, Ц и К, влакна, калциум и железо, благодарение на кои ги убива сите вирусни инфекции и воспалителни процеси во организмот. Можете да додадете кељ во салата, да го исецкате и да го послужите како прилог за риба или да го изблендирате со беби спанаќ и друг зеленчук и да направите домашна имунолошка „бомба“ која ќе го зајакне организмот.

Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Убавината на руските марами

Марамите во Русија отсекогаш биле голем хит. Нивната првична намена е да ја загреат глава …