ЗАЈАКНЕТЕ ГО ИМУНИТЕТОТ НА ПРИРОДЕН НАЧИН: Вклучете ги овие природни витамини, кои даваат сила, во вашата секојдневна исхрана

Исклучете ја пржената храна и шеќерот од менито, а зголемете го внесот на овошје, зеленчук и варена храна. Секојдневно шетајте и мијте ги рацете, бидејќи преку нив се пренесуваат повеќето бактерии и вируси…
Сега е идеално време да преземете превентивни чекори за зајакнување на имунитетот, бидејќи кога ќе настинете, веќе ќе биде доцна. Пред се, со храната во организмот треба да се внесуваат доволни количини на витамини и минерали, па затоа посебно внимание треба да се посвети на начинот на преработка на храната, како и на тоа што се јаде. Треба да се избегнуваат преработени и сушени месни производи и да се јаде што повеќе свежо сезонско овошје, зеленчук и варени јадења (супи и чорби). Пржената храна и шеќерот треба целосно да се исфрлат од менито бидејќи буквално го уништуваат имунитетот. Еве уште неколку корисни совети како да останете здрави во наредниот период…

1.Вода со лимон
Секое утро, на празен стомак, треба да пиете половина лимон исцеден во чаша млака вода. Овој пијалок не само што хидрира, туку и го чисти телото од токсини и промовира нормално варење. Содржи витамин Ц, кој помага во борбата против вирусите и го зајакнува имунитетот.


2. Витамин Ц против инфекции
Најдобри извори на витамин Ц се агрумите, црвените пиперки, брокулата, спанаќот, доматите, зелката, калинките и кивито. Овој антиоксиданс игра многу важна улога во спречувањето на инфекции, додека неговиот недостаток може да предизвика анемија, болки во зглобовите, бавен процес на заздравување и опаѓање на косата.

3. Моќта на витаминот Б2
Витаминот Б2 му помага на телото да ја претвори храната во енергија. Го содржат сите видови збогатен леб и житарки, а го има и во млечните производи, зелениот зеленчук, рибата и месото. Недостатокот на овој витамин може да предизвика пукнатини на аглите на усните, болки во грлото, осип на кожата, преосетливост на светлина…


4. Пешачете најмалку 45 минути дневно
Наместо да легнете или да седите на компјутер по ручекот, направете кратка прошетка. На овој начин го намалувате нивото на кортизол и го зголемувате нивото на витаминот Д, кој помага при апсорпција и зачувување на нивото на калциум и фосфор во организмот, кои се важни за здрави коски. Го има во млекото, рибиното масло, путерот и жолчката од јајцето. Потребната доза на витамин Д можете да ја добиете доколку во есен и зима поминувате што повеќе време на сонце – најмалку 45 минути дневно.

5. Хигиената е половина од здравјето
Во есен и зима, луѓето поголемиот дел од времето го поминуваат во затворени простории, во директен контакт со вируси и бактерии, кои демнат од масите, рачките на вратите, рачките во транспортот, копчињата во лифтовите… Затоа е многу важно редовно да ги миете рацете и избегнувајте да ги допирате лицето и очите, бидејќи микробите најлесно влегуваат во телото преку мукозната мембрана. Рацете треба да се мијат со млака вода и сапун најмалку половина минута.


6. Пробиотици
Телото е дом на милијарди бактерии, од кои некои се добри. Пробиотиците се назив за одредени видови бактерии кои имаат корисен ефект врз здравјето и имунитетот и природно се наоѓаат во ферментираната храна како јогуртот, а можат да се земаат и во форма на додатоци во исхраната.

7. Докажано е дека лукот ги отстранува вирусите
Знаеме дека не мириса многу убаво, но лукот за џабе не се нарекува најздрав зеленчук. Неговата состојка алицин има антибактериско, антивирусно, антигабично, антипаразитно и антиоксидантно дејство. Научниците потврдија дека оние кои редовно јадат лук имаат многу помали шанси да добијат настинка и грип.

8. Вода и сон
Мукозната мембрана има многу важна улога во одбраната од вируси и бактерии, а доколку не му обезбедиме на телото доволно течност, тоа е ослабено. Исто така, доцното легнување може да го уништи имунолошкиот систем, кој станува поподложен на вируси.

Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Јод“ – новиот роман од Снежана Младеновска Анѓелков наскоро во издание на Или-Или

Издавачка куќа Или-Или со радост го најавува излегувањето од печат на новиот роман од Снежана …