Кралот на народната музика, Шабан Шаулиќ, починал денес во Германија после тешка сообраќајна несреќа.
Според официјалните информации, Шабан Шаулиќ бил во автомобил со возачот и кумот, а несреќата се случила во околината на Билефелд каде пеел. Пијан возач и без дозвола се забил во нивниот автомобил. Шабан седел на местото на совозач.
Германската полиција објавила официјален извештај од тешката сообраќајна несреќа.
„Во недела наутро, во 06.50 часот на автопатот BAB A2, во правец на Дортмунд се случила тешка сообраќајна несреќа во која првично се регистрирани три тешко повредени лица и една полесно.Автомобилот „Мазда 6“ со кој управувал 34. годишниот Гутерслохер, удрил во автомобилот „Сеат Ибица“. Возилата склизнале и се забиле во препреките. Сите тројца патници во „Сеат Ибицата“ се сериозно повредени, а 34. годишниот Гуртерслохер минал со полесни повреди. За повредените веднаш се погрижила брза помош, која ги превезле во најблиската болница. Совозачот во „Сеат Ибица’ во текот на утрото во болницата подлегнал на повредите.Истрагата покажала дека Гутерслохер (34) возел пијан и без дозвола“, пишува во извештајот на германската поолиција.
Светот остана без кралот на народната музика.Шабан Шаулиќ (67) загинал во тешка сообраќајна несреќа после настапот во еден клуб близу Билефелд.