Дијабетесот е сериозна здравствена состојба предизвикана од високо ниво на шеќер во крвта, а еден симптом кој често се јавува во текот на летото може да предупреди на опасност.
Голем број луѓе во светот страдаат од дијабетес, но она што всушност е зачудувачки е тоа што, покрај тоа, многумина не се ни свесни дека живеат со оваа хронична состојба. Затоа, од клучно значење е да се внимава на потенцијалните предупредувачки знаци.
Еден вообичаен симптом на дијабетес лесно може да се помеша со ефектот на топлото време. Здравствените организации како што е National Health Servica ја наведуваат прекумерната жед како предупредувачки симптом на дијабетес. Овој симптом е предизвикан од акумулација на вишок гликоза во крвта. Следствено, бубрезите мора да работат понапорно за да го филтрираат и апсорбираат вишокот шеќер.
Ако бубрезите не можат доволно брзо да го апсорбираат, вишокот шеќер завршува во урината, извлекувајќи течности од ткивата на телото, што доведува до дехидрација и жед. Високите нивоа на шеќер во урината предизвикани од дијабетес, исто така, може да резултираат со сладок или овошен мирис на урината. Прекумерниот шеќер често може да доведе до дехидрација, поттикнувајќи го лицето да консумира повеќе вода и последователно да уринира почесто.
Иако точната причина за дијабетес тип 1 е непозната, дијабетесот тип 2 често се поврзува со фактори како што се дебелината и недостатокот на физичка активност, иако е објавено дека може да биде и наследно.
Раното препознавање на симптомите на дијабетес овозможува брза медицинска интервенција. Иако не постои лек за дијабетес, достапни се третмани за ублажување на симптомите.
Други знаци на дијабетес на кои треба да внимавате вклучуваат: чувство на многу умор, ненамерно губење на тежината, чешање на одредени делови од телото, исекотини или рани на кои им треба подолго време да зараснат и заматен вид.
Фото: Архива