За време на летните горештини, конзумирањето доволна количина течност е клучот за да се избегне дехидрација, а најчесто посегнуваме по вода.
Сепак, еден експерт открил кој пијалок е подобра опција од водата за време на борбата против топлотниот бран. Според докторката Наташа Фернандо од Medichecks, млекото ќе ве хидрира повеќе од водата.
Шеќерот, протеините и мастите во млекото ја забавуваат брзината на празнење на течноста во стомакот, што ви помага да останете хидрирани подолго време.
„Млекото исто така содржи натриум, кој му овозможува на вашето тело да ја задржи водата, што помага при нивото на хидратација“, објаснила д-р Фернандо.
Тоа не мора да биде само кравјо млеко, туку може да биде веганско или млеко без лактоза. Исто така, млекото од соја содржи електролити кои дополнително помагаат во хидратацијата.
Фото: Архива