За улогата на Џокер – Оскаровецот Хоакин Феникс открил како со ригорозна диета изгубил 24 килограми

Оскаровецот Хоакин Феникс неодамна прошета на црвениот тепих во Венеција, а вниманието го привлече со својот изглед.
На филмскиот фестивал во Венеција, актерот го промовираше филмот „Joker: Folie à Deux“ во кој глумеше со Лејди Гага.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by 𝘿𝙞𝙧𝙩’𝘼𝙧𝙩 𝙈𝙖𝙜𝙖𝙯𝙞𝙣𝙚 (@squirtron)


Многумина забележаа дека актерот е видно послаб, а открил како со ригорозна диета ослабел 24 килограми за краток период. Диетата му била исклучително строга, а сè било следено од лекари.


 

View this post on Instagram

 

A post shared by Joker Movie (@jokermovie)

Исхраната на Хоакин вклучувала низок внес на калории и јадел многу помалку за да ослабе што е можно побрзо. Затоа, јадел храна како јаболка, варен зеленчук и зелена салата.
Исто така, процесот на трансформација што го барала улогата бил исклучително тежок, а покрај ригорозната исхрана вклучувало и тренинг. Феникс открил дека физичката активност вклучувала одење по скалите, што му било многу напорно.
За жал, деталите за неговиот режим на вежбање не се целосно познати, но се верува дека тој правел интензивни кардио вежби и наместо да тренира во теретана, неговиот фокус бил брзо одење или лесно џогирање.

Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Со проекција на играниот филм „Дете од војна“ започнува „Недела на романски филм“ во Кинотека

Од 14-18 октомври во Кинотека на Македонија ќе се одржи „Недела на романски филм“, во …