За што станува збор? Арапската принцеза која го остави сопругот преку Инстаграм со нов потег предизвикала бројни реакции

Арапската принцеза Шеиха Махра Бинт Мохамед Бин Рашид Ал Мактум неодамна го привлече вниманието откако го напушти сопругот преку Инстаграм, а нејзиниот нов потег бил причина за бројни реакции
Имено, таа создала парфем наречен „Divorce“ („Развод“) и нашироко го рекламира на социјалните мрежи. Ова е првиот производ на нејзиниот бренд „Mahra M1“. Некои следбеници го пофалиле нејзиниот деловен потег, додека други ја осудиле.
„Срам да ви е. Дали разводот е шега? Разводот е сериозна работа. Како можете да го прославите или да се обидете да го продадете?“, „Користите приватни прашања за да продавате парфем. Прилично патетично“, „Ја сакам оваа нова генерација на храбри жени. Посветени се на работа и повеќе не поднесуваат ништо“, „Разводот одлично влијаеше на вас“, се дел од коментарите.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by @mahram1.official


Потсетуваме дека во јули таа јавно го остави сопругот на Инстаграм и открила дека ја изневерил.
„Драг мажу, бидејќи си зафатен со други пријатели, со ова објавувам дека се разведуваме. Се разведувам од тебе, се разведувам од тебе и се разведувам од тебе. Чувај се. Твојата поранешна сопруга“, навела таа во објавата.
Нема официјална изјава од кралското семејство Мактум, кое владее со Дубаи и од кое потекнува Шеиха Махра. Таа се омажила за Мохамед минатиот мај. Пред четири месеци добиле ќерка.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Комеморација во чест на оперската првенка Ирена Кавкалевска (1973-2024)

Денес, со почеток во 10:30 часот на големата сцена во Националната Опера и Балет, ќе …