Се верува дека кој ќе ги направи 3-те најлоши гревови не може да се надева на добро.
Многу луѓе веруваат дека личноста е родена со својата карма која ги следи од првиот до последниот ден од нивниот живот. Гледајте на тоа како сила која апсолутно никогаш не спие и постојано ве набљудува. Кармата не ги памти само вашите постапки, туку и вашите емоции.
Кармата гледа кога некому му завидувате, кога некому посакувате зло, кога мразите некого поради неговата среќа… сето тоа се емоции кои имаат фреквенција и кармата ги препознава. Некои кармички долгови доспеваат брзо, додека други доаѓаат подоцна.
Ова се некои од најскапите кармички долгови кои циркулираат и доспеваат на наплата.
1. Навреда на родителите
Во многу списи за религијата и психологијата ќе најдеме причини зошто е важно да се биде добро дете на родителите и зошто е важно да се почитуваат.
Се разбира, има многу лоши родители кои не заслужуваат ништо од нас. Но, има и многу лоши деца кои не ги ценат и не ги почитуваат своите родители. Кармата не сака такви врски. Навреда на добар родител е скап кармички долг што подоцна доаѓа на наплата.
2. Навреда и изневерување од личноста која ве сака
Секој човек кој изигрува вистинска љубов е на црната листа на кармички закони. Да изневерувате личност која ве сака и го сака само најдоброто за вас е многу понижувачка работа и тоа е нешто на кое кармата го зема својот данок.
3. Неправедно обвинување
Кармата не сака лоши озборувања и не сака кога луѓето зборуваат лажно и неправедно за некоја личност. Иако на луѓето им изгледа како забавна активност или „шега“, кармата на тоа гледа со посериозни очи.
Фото: Архива