„За малку ќе умрев и еве што ми се случи кога ЈА ГЛЕДАВ СМРТТА ВО ОЧИТЕ“, рекол Оскаровецот и СЕ РАСПЛАКАЛ: Поради оваа болест завршил во инвалидска количка и го изгубил помнењето

Познатиот актер Џејми Фокс ја открил причината за мистериозната хоспитализација за која многу се пишуваше. Актерот низ солзи зборувал за тоа што му се случи во април минатата година. Ја гледал смртта во очи и едвај преживеал.
Џејми Фокс доживеал мозочен удар предизвикан од крварење во мозокот. Неговото семејство не сакало тие детали да бидат објавени, а таа приказна сега ја откри во документарниот филм на Нетфликс „What Had Happened Was…“, па со јавноста споделил зошто 20 дена го изгубил помнењето и не можел да оди.
„На 11 април имав силна главоболка и го замолив син ми за аспирин. Не се сеќавам на 20 дена“, рекол тој и се расплакал па додал дека се вратил: „Не знаете колку е добро ова чувство“.
Оскаровецот Џејми Фокс истакнал дека причината за мозочниот удар сè уште не е позната.


„Она што се случи беше…“, продолжил тој, а потоа заплакал, а публиката го тешела со аплауз: „Животот ви пролетува пред очите. Беше некако чудно мирно. Го видов тунелот, но не ја видов светлината Беше жешко во тој тунел“.
Се пошегувал: „Дали одам на погрешно место?“. Тој и се заблагодарил на својата сестра Деидра која му го спасила животот носејќи го во болница во Атланта каде што бил опериран.
Тој напоменал дека неговото семејство не сакало сè да биде обелоденето во јавноста поради можните негативни коментари кои можат да следат вакви приказни, за жал.
Кога се разбудил од кома на четврти мај, не можел да оди и морал да користи инвалидска количка.


Џејми Фокс не можел да се помири со фактот дека доживеал мозочен удар, па неговиот терапевт му рекол: „Треба да го ‘убиеш’ стариот Џејми за да може новиот Џејми да напредува“.
Тој исто така рекол дека размислува вака: „Господ ме благослови со пари и слава, но кога заборавив на Бог, тој ме благослови со мозочен удар“, пишува Daily mail.
Специјалното издание на Нетфликс го означува неговото големо враќање на сцената по неговата хоспитализација.
„Ако можам да бидам смешен, ќе преживеам“, рекол тој. Премиерата е закажана за 17 јануари следната година.

Фото: Принтскрин/Netflix


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Деновиве излезе од печат дебитантскиот роман „Неочекувано“ на авторката Ана Мовска

„Неочекувано“ од Ана Мовска – роман за сино-зелените алги на Марс и во Дојранското Езеро. …