За колку е продадено Ферарито на Шумахер?

Болидот на Ферари Ф300 на седумкратниот шампион во Формула 1 Михаел Шумахер беше продаден на аукција во август 2022. година.
Станува збор за болид од 1998. година во кој Шумахер освои четири од шест победи таа сезона во Канада (патеката Жил Винев), Франција (Пол Рикар), Велика Британија (Силверстон) и Италија (Монца).
Автомобилот го придвижува 3.0-литарски V10 мотор кој развива 800 КС.

This image has an empty alt attribute; its file name is sumaher-bolid.jpg
Овој болид е продаден на неименуван колекционер за дури 6,22 милиони долари. Иако многу висока сума, не го собори рекордот.
Досега најскапиот Формула 1 болид некогаш продаден вредеше 7,5 милиони долари. Интересно, и тој модел го возеше Шумахер за Ферари, но во 2001 г.


Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

НЛБ Банка воведува Garmin Pay

Од денеска во НЛБ Банка станува достапна услугата Garmin Pay, иновативно и модерно решение за …