„За кого како“ нова песна и спот на скопскиот бенд „Преку Ред“


„Преку Ред“ се млад рок бенд од Скопје формиран во 2019. Членови се Антони Анев (вокал), Христијан Тасевски (гитара), Никола Стојменов (бас) и Марко Станчевски (тапани). Иако постојат релативно краток период веќе имаат своја публика и имаат настапувано на сите позначајни фестивали кај нас.

Зад себе имаат и еден албум, насловен „Хаос“, кој ја имаше својата концертна промоција на последното издание на фестивалот „Андерфест“.


Деновиве излезе нивната нова песна „За кого како“. Извонредна рок нумера, доследна на стилот на „Преку Ред“, а спотот бележи одлична гледаност за краток временски период.

Премногу ни е мило што дечките од „Преку Ред“ продолжуваат со својата работа и се надеваме дека набрзо ќе не израдуваат со нова песна.


Дали е ова сингл што можеби најавува нов албум, ќе оставиме да покаже времето, а во дотогаш ќе уживаме во „За кого како“.

 


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Врачени наградите на 59. МТФ Војдан Чернодрински

Примајќи ја наградата за најдобра режија, Ќендрим Ријани истакна дека фестивалот во секоја наредна година …