Второ издание на ENGAGE Youth

На 17-ти јуни 2024 година (понеделник), со почеток во 17:00 часот, Младински образовен форум – МОФ, заедно со Радио МОФ ве покануваат во дворот на МОФ каде млади активисти ќе споделат знаења и искуства на теми поврзани со граѓанска ангажираност, активизам, ментално здравје, инклузија и култура во нивните локални заедници.

Говорници на вториот ENGAGE Youth за ова година се:


  • Говорник #1  Кристијан Лазарев, од „Отворете ги прозорците“ – „Како до попристапен и поприфатлив живот на младите со попреченост?“
  • Говорник #2 Зоран Јаневски, од инцијативата „Донирај велосипед“ – „Преку „Донирај велосипед“ до поголем интерес на младите за хуманитарни акции и активизам“
  • Говорник #3 Филип Ивковски, од „Младите можат“ – „Добростостојбата и менталното здравје, важна тема кај младите во последните неколку години.“
  • Говорник #4 Арта Старова од „МЕД“ – „Борбата на младите против криминал врз дивиот свет“
  • Говорници #5 „Сите за МКЦ“ – „Солидарност во битката за јавните простори“

Со своите говори на единствениот настан за социјален активизам – ENGAGE Youth, тие ќе се обидат да едуцираат и инспирираат, а воедно и да создадат место за дружба и интеракција меѓу млади, групи и организации кои се стремат да го подобрат општество.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: На денешен ден во 2010 година почина истакнатиот македонски карикатурист Делчо Михајлов

Делчо Михајлов е роден на 27 ноември 1947 година во Скопје. Тој беше македонски карикатурист, …