Вториот концерт од концертната турнеја со наслов ТАНГО ПРИКАЗНА ќе се одржи на 12- ти јуни во Офицерскиот Дом, Битола

Вториот концерт од концертната турнеја со наслов ТАНГО ПРИКАЗНА ќе се одржи на 12– ти јуни, (среда) во Офицерскиот Дом, Битола во 20:00 часот. 

На концертот во Битола љубителите на музиката и танцот ќе имаат концертно танго доживување со камерниот состав „Агогик ” и сценски настап на Владанка Колева и Онур Мок од ,,Центар 213″.


      Концертната турнеја ТАНГО ПРИКАЗНА има за цел доближување на танго културата, музиката и танцот пред широката македонска публика. Првиот концерт беше реализиран во Скопје на 14 мај во Културно информативниот центар со извонреден успех. 

Вториот концерт е во Битола во Офицерскиот дом а третиот концерт ќе се одржи во Струмица.


      На концертот публиката ќе има можност да ужива во прекрасните танго композиции, милонги, валцери од најпознатите композитори на тангото како А. Пјацола, Ф. Канаро, К.Гардел и други познати композитори. 

Камерниот состав „Агогик” во состав Филип Петрески на хармоника, Ајхан Куртов на пијано и Пламенка Трајковска на виолина повеќе од 15 години ја носат магијата на танго музиката кај нас. Досега настапиле на речиси сите македонски сцени и познати манифестации како Скопско лето, Бит фест, Штипско културно лето, Топол културен бран, Кавадаречка културна есен, Велешко културно лето и многу други настапи на концертни сцени во Македонија и концерти во Србија и Грција. 


На концертот публиката ќе може да ужива во сценскиот настап на Владанка Колева и Онур Мок од ,,Центар 213″ кои досега настапиле на повеќе домашни и странски сцени во Словенија ,Хрватска, Босна и други танго сцени. 

Билетите за концертот се достапни во сите прадажни места на ТОБАКО ДИМПО или онлајн преку МК Тикетс.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Лана Радељак – Ќерката на Ена Беговиќ првпат проговорила за починатата мајка: „Го чувствувам нејзиното присуство“

Лана Радељак, ќерката на актерката Ена Беговиќ и претприемачот Јосип Радељак, досега деталите за својот …