Втора мини-конференција „Од Креативност до кариера“ вечерва во Лабораториум


Вечерва во Креативниот Центар Лабораториум во Скопје, со почеток во 19:00 часот, ќе се одржи втората мини конференција „Од Креативност до кариера“ на тема „Digital Content Creation или Инфлуенсерство“.

Што е потребно за да станеш digital content creator или да си “влијателен” на социјалните мрежи? Одговараат инфлуенсери кои од својата креативност креирале личен бренд на социјални мрежи! Вирални TikTok рилови, креирање на добар Podcast, креирање бренд на Instagram и создавање на тренд од твојата пасија.


5 говорници; Young Dadi, Матеа Драгшич, Иван Неделковски, Никола Соколов, Александра Трпеска, 1 модератор, 1 специјален гостин (Теона Сима) + Q&A сесија.

Дознај дали кај нас постои можност за да станеш влијателен на социјалните мрежи? Или уште подобро дали можеш да заработиш од таа “влијателност”?


Во рамките на настанот ќе може да ја погледенете и изложбата на студентите од Академијата за UX/UI дизајн.

За одлична атмосфера ќе биде задолжен Why2K и DJ Dimchuga.


Присуството е бесплатно.

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Find Your Beauty: dm ве поканува на најголемиот beauty настан досега!

Водечкиот европски синџир дрогерии го организира првиот најголем настан за убавина во нашата земја: dm …