Денес и утре, во организација на Аероклуб „Скопје“ – Скопје, на спортскиот аеродром Стенковец крај Скопје ќе се одржи вториот натпревар од Лигата во прецизно слетување со едрилица.
Аеро клубот Скопје (АК Скопје) организира втор натпревар во Лигата во прецизно слетување со едрилица, со цел развој на воздухопловното едриличарство и зближување и соработка помеѓу аеро клубовите и пилотите на едрилица од државата.
24.05.2024 (Петок)
12:00 Пристигнување на натпреварувачи
15:00 Тренинг летови
19:00 Слободни активности и дружење
25.05.2024 (Сабота)
07:30 Пристигнување
08:00 Пријава на натпреварувачи
09:45 Извлекување на стартни броеви
10:00 Свечено отворање на натпреварот
11:00-15:00 Натпреварувачки летови
15:30 Ручек
17:00 Прогласување на победници