Принцезата Аико неодамна наполни 20. години, а нејзиното детство било далеку од бајковито – трпела насилство од врсници и имала проблеми со срцето, а медиумите ја прогласиле за „осамена принцеза“.
Аико е родена во кралската палата во 2001. година, а нејзиното име е специфично затоа што ја нарекуваат и принцезата Тоши, што значи „личност која ги почитува другите“.
Во пораката што ја објавило кралското семејство по повод нејзиниот роденден, Аико рекла: „Сакам да се усовршувам чекор по чекор, за да можам да им служам на другите“.
Кога имала само осум години, таа одбила да оди на училиште бидејќи доживувала насилство од врсници.
Момчињата од второ одделение наводно биле насилни кон Аико, но училиштето во кое таа учела ги негирало овие наводи.
Во октомври 2016. година, јавноста била загрижена за принцезата, бидејќи таа не одела на училиште два месеци, и. палатата тогаш потврдила дека Аико има стомачни болки и чести вртоглавици.
За да избегне дополнителни непријатности, Аико морала да го смени училиштето, а денес оди во институцијата „Гакушуин“ во Токио.
Нејзините студии се поврзани со англиската, шпанската и јапонската литература, како и со јапонската историја, традиција и уметност.
Не може да биде наследничка на тронот
Иако Аико е првото и единствено дете на јапонскиот император и царицата, според важечките закони, таа не може да биде престолонаследник. Имено, во Јапонија се уште важи правилото дека тронот можат да го наследат само машки деца.
Бидејќи нејзиниот татко – Нарухито нема машки наследник, тронот може да го наследат неговиот помлад брат Акишино (53), неговиот син принцот Хисахито (12) и вујкото на кралот – принцот Хитачи (83).
Експертите предупредиле дека таквиот закон мора да се промени, во спротивно кралската лоза би можела да изумре.
Во 2005. година се зборувало дека царот може да го наследи неговото првородено дете – без разлика дали се работи за женско или машко дете. Сепак, оваа идеја била напуштена следната година, кога се родил принцот Хисахито. Тој бил првиот машки член на кралското семејство во период од речиси 41. година.
Изборот што треба да го направи
Ако еден ден се омажи за обичен човек, ќе мора да се откаже од титулата јапонска принцеза, исто како и нејзината роднина – принцезата Мако, која се омажи за Кеи Комура.
Мако одбила и исплата на 1,3 милиони долари од јапонската влада, која традиционално им плаќа на жените доколку го загубат кралскиот статус со брак со „смртник“.