Пред нас е уште еден ден кој ќе понуди претежно сончево време. Слаба магла наутро ќе има локално по котлините. Потоа претпладне во котлините се очекува онаа препознатлива заматеност, додека сосема ведро и со прозрзачна атмосфера ќе биде само на планините.
Утрото ќе биде релативно студено. Минималната температура главно ќе има вредност помеѓу -7°С и -2°С низ котлините, а на повисоките места околу -8°С.
Денот ќе биде малку потопол во однос на сабота. Температурата ќе има максимална вредност помеѓу 7°С и 9°С во котлините од северниот и западниот регион, а во југоисточниот крај околу 12°С.
Скопската котлина очекува претежно ведро време. Наутро ќе има услови за краткотрајна слаба магла. Температурата ќе има минимална вредност околу -6°С, а максимална вредност околу 9°С, најавуваат од meteopro.mk .

Време за крај на неделата: Сончево и ведро
©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.