Третото издание на фестивалот на Џез, Ворлд и Современа Музика кој полека прераснува во велешка традиција започнува оваа недела, 29 септември, со перформанс насловен “Вардар” на Спомен Костурницата во Велес со почеток во 20:00 часот.
Во текот на септември и октомври ќе се одржат повеќе настани на различни локации во градот, на кои организаторите од Арт Генератор ни носат изведувачи од Македонија, Франција, Германија, Финска, Австралија и Грција.
Велес од секогаш бил град на културата кој низ минатото дал многу имиња, а со овој фестивал успешно ја негуваме и алтернативната музичка сцена.
Перформанс ”Вардар”
Егли Кацики – поезија
Џејмс Вајли – саксофон
Oвој перформанс е заснован на заемно разбирање, споделена историја и почит. Како водна маса што поврзува две копна, врската е флуидна, постојано се развива и постои во моментот. Со почит кон единственоста на споменикот, предложен е наратив кој ги надминува бариерите на јазикот или племето. Неговата цел е создавање на резонанца која обединува и нуди миг на длабок спокој.