(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) СЕ ЗАПАЛИЛ НА УЛИЦА ОБЛЕЧЕН КАКО СМРТ: Маж горел во Истанбул додека случајни минувачи правеле селфи!


Вообичаениот ден кај кулата Галата во Истанбул, Турција, бил нарушен кога непознат маж, облечен како Смрт, се полил со бензин и се запалил среде бел ден.
Меѓутоа, случајните минувачи не му дошле веднаш на помош на запалениот човек, бидејќи повеќето од нив очигледно мислеле дека се работи за некаква претстава или вознемирувачка улична изведба. Неколку од нив направиле „селфи“ со „жива огнена топка“, кога мажот клекнал додека горел.
Дури кога мажот беспомошно паднал на земја, двајца локални трговци скокнале да помогнат и го изгаснале пожарот со противпожарни апарати.
„Човекот факел“ за чудо преживеал и покрај тоа што горел речиси една минута. Тој подоцна, седејќи на земја, разговарал со полицајците кои дошле на местото на настанот.
Не е познато што го натерало овој човек облечен во „Смрт“ да направи вакво нешто.

https://twitter.com/AsaadHannaa/status/1531786797214212096


Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Ова е најсочен чоколаден колач што некогаш ќе го пробате: Воздушест е и мек, а лесена е и за правење

Слаткоста на овој десерт совршено се вклопува со омилениот пијалок на многумина – кафето. Состојки: …