(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ДУПКА ВО БАЗЕН ПРОГОЛТАЛА 2. МАЖИ: Едниот едвај излегол, а за другиот немало спас!

Маж се удавил откако го проголтала дупка што се отворила под базен.
Клил Кими (32) починал откако го вшмукал вител на дното од базенот во вилата што неговата маркетинг компанија ја изнајмила за забава во градот Кармеи Јосеф во централен Израел, пренесува британски „Телеграф“.
Еден од присутните на забавата рекол дека дупката се појавила наеднаш, додека околу базенот имало околу 50. луѓе.
„Нивото на водата наеднаш почна да опаѓа и се отвори огромна дупка, предизвикувајќи вител кој вшмука две лица“, рекол еден од очевидците.
Брачен пар на околу 60-тина години, на чиј имот се одржала забавата, е уапсен под сомнение дека од небрежност предизвикале смрт.
На видеото снимено во моментот на несреќата се гледа како водата од базенот, како и бројните играчки на надувување, одеднаш исчезнуваат низ дупката што се отворила на дното на базенот.
За тоа време, луѓето седат околу базенот, а еден човек во базенот паѓа во вир додека во позадина свири музика.


Човекот кој накратко бил заглавен во дупката миналал со полесни повреди, но телото на Кими било пронајдено дури неколку часа подоцна на дното на тунелот долг 15. метри што се отворил под базенот.
Спасувачите морале да ја поддржат целата структура на базенот за да спречат понатамошен колапс, по што во дупката било спуштено куче трагач опремено со GoPro камера, јавуваат израелските медиуми.
Сопственикот на вилата, која често ја издавал за разни забави, изградил базен без сите потребни дозволи. Медиумите објавија дека тој нема да можел да добие дозвола поради конфигурацијата на земјиштето.
Дупката најверојатно се отворила поради лошата градба, а не поради геолошките карактеристики на почвата, изјавил професорот Шмуел Марко од Катедрата за геофизика на Универзитетот во Тел Авив.
„Водата истекуваше под базенот и ја еродираше земјата долу“, рекол Марко, додавајќи дека во оваа област нема познати длабнатини.

Фото: Принтскрин/Youtube/Raw300tv


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоција на краткиот анимиран филм „Лисичката плетачка“

Во среда на 6 декември 2023 година, во Музеј на град Скопје во 18:30 часот, …