ШОКАНТНО видео во кое Мелиса Картер, директорка на основно училиште во Клевистон, тепа шестгодишно девојче со дрвена даска по задникот ја вознемири јавноста.
Според мајката на девојчето, директорката ја поканила на разговор во училиштето, а потоа пред неа ја казнила нејзината ќерка.
„Таа ја удираше со толку многу омраза, јас никогаш не ја удрив така“, рекла мајката, која го снимила инцидентот со мобилен телефон што го скрила во чантата.
https://twitter.com/i/status/1388998894122676226
Таа одлучила да ги сподели снимките за другите родители да можат да видат што се случува во училиштето во кое одат нивните деца.
Американските медиуми јавуваат дека директорката во моментов е под истрага. Таа го казнила девојчето за наводно гребење на екранот на компјутерот.
Фото: Twitter