Водителот на „Никогаш не е доцна“ – Жика Јакшиќ хоспитализиран: Се огласил и Гранд


Жика Јакшиќ, во текот на вчерашниот ден, бил итно хоспитализиран поради проблеми со крвните садови.
Жики се разболел ненадејно, по што се јавил кај лекар. Според соопштението на Гранд, тој е во стабилна состојба и се подложува на тестови:
– Нашиот драг колега и пријател Жика Јакшиќ моментално е на болничко лекување, откако ненадејно се разболе! За среќа, неговата здравствена состојба е стабилна и тој е добро. Лекарите се оптимисти и се очекува дека ќе биде пуштен дома по неколкудневен престој во болница. Жика Јакшиќ со децении е посветен на својата работа, која, иако полна со страст и креативност, честопати е многу напорна и стресна. Во овој момент, најважно е Жика да го добие мирот потребен за неговото закрепнување, затоа ве молиме почитувајте ја неговата приватност и дозволете му целосно да се посвети на своето здравје, за да може што поскоро да се врати во својот секојдневен нормален живот – објавил Гранд.

Поранешната сопруга на Жика, Дајана Пауновиќ, се огласи за српските медиуми.
– Добро е, се чувствува добро. Се подложува на тестови, тоа е се што можам да кажам – рекла Дијана.


Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Елеганција во црно: Кејт Мидлтон од глава до пети во една боја со посебен детаљ на реверот

Принцезата од Велс Кејт Мидлтон за прв пат присуствувала на одбележувањето на Денот на примирјето, …