Телевизиската водителка, Доа Салах, во Египет е осудена на три години затвор, откако на телевизија во живо дискутирала за тоа како може да се забремени надвор од конвенционалниот брак.
Салах, која работи како водителка на телевизијата “Al Hahar TV”, ги прашала своите гледачи дали размислуваат за секс пред брак и сугерирала дека една жена би можела на кратко да биде во брак за да забремени и да роди, па да се разведе.
Обвинета е за кршење на јавниот морал и пристојност, а властите рекле дека идеите изнесени во нејзината програма “се закана за самото ткиво на египетскиот живот”. Имено, во конзервативниот Египет, сексот пред брак се смета за неприфатлив.
Освен за „брак само поради бременост”, Салах зборувала и за донирање на сперма, што е прифатен и проширен метод во западните држави, но не и во Египет, пишува Jutarnji List.
По емисијата прво била суспендирана од работа на три месеци, а потоа било поднесено и обвинение. Таа има право да се жали на пресудата.

Водителка на емисија во Египет зборувала за вонбрачен секс – па добила три години затвор!
©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.