Во Загреб вчера промовиран „Македонскиот рубин – моќниот зрак на нашето срце“


Во македонскиот Културно информативен центар во Загреб вчера загребската публика имаше ексклузивна можност да го проследи уникатниот мултимедијален културен настан во рамките на кој по повод 22. април, Денот на планетата земја беше отворена изложбата „Македонскиот рубин – моќниот зрак на нашето срце“ по што следеше и етно концерт на групата „Баклава“.
На почетокот на настанот поздравен говор имаше директорката на МКИЦ, Мими Ѓоргоска Илиевска.
Изложбата „Македонскиот рубин – моќниот зрак на нашето срце“, македонскиот Културно информативен центар во Загреб ја реализира во соработка со македонското Здружение ,,Откритие“ оформено во 2023 година со основна дејност – популаризација на светското и македонското минералошко богатство. Здружението ,,Откритие“ во својата колекција поседува вредни примероци на природни минерали, кристали и фосили меѓу кои и примерок Алги строматолити стари 1,8 милијарди години кои се првата форма на живот на Планетата Земја. Автори на изложбата се инженерите Деан Шкартов и Илија Петковски кои десетици години се занимаваат со промоција на природните кристали, минерали и скапоцени камења. На изложбата беа претставени експонати и реплики изработени и од македонскиот рубин. За концептот на изложбата и изложените експонати говореше авторот Деан Шкартов.
Етно концертот на групата „Баклава“ која го чествува јубилејот на своето 20 годишно постоење, понуди богата програма од традиционални и авторски песни испеани на повеќе јазици кои авторката Елена Христова ги селектира од целокупниот репертоар на „Баклава“. Покрај Елена Христова која е автор и носител на проектот, во групата „Баклава“ членуваат петмина врвни музичари со богата музичка кариера и автентичен музички израз кој кокетира со различни музички стилови од класична музика, поп, рок, џез, панк, традиционална и чалгиска музика, сето тоа преточено во world music.
На настанот присуствуваа високи претставници на локалната власт во Република Хрватска, високи претставници од МПЦ, претставници на дипломатскиот кор, истакнати претставници на македонските и хрватските институции и организации во Загреб, како и бројни Македонци кои живеат, односно работат или се школуваат во Загреб

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Македонско – грчки поетски координати

Во рамките на манифестацијата „Денови на поезијата“, во Скопје Сити Мол, денес, со почеток во …