Во рамките на фестивалот Скопско лето, претставата „Лекција“ во режија на Ѓорѓи Ризески, ќе биде изведена на 24 јуни

Национална опера и балет – Мала сцена
24.6.2024, 20:30ч.
„Лекција“од Ежен Јонеско
Режија – Ѓорѓи Ризески

Во рамките на фестивалот Скопско лето, претставата „Лекција“ од Ежен Јонеско, во режија на Ѓорѓи Ризески, ќе биде изведена на 24 јуни во 20:30 часот , на малата сцена во Националната опера и балет во Скопје. Претставата е копродукција помеѓу штипскиот театар и „Моушн нетворк“, а е поддржана од Министерството за култура. Улогите ги толкуваат: Ефтим Трајчов Ѓаурски, Димитрина Мицкоска Трајкоска и Милорад Ангелов.


Сценографија е на Трајчов Ѓаурски и на режисерот Ризески, костимите се колективно дело, а музиката е на Антонио Ристески. Кореографијата е на Бојан Мицев, за плакатот се погрижи Александар Вржалски, а фотограф е Александар Ефремов.

Во драмата „Лекција“ според авторот Ежен Јонеско, концептот на целата претстава се состои во самиот наслов кој е надополнување на делото: „сеЛекција“. До него се стигна оправдувајќи го апсурдниот сам по себе лик на „Професорот“, оправдувајќи го исто така и самиот апсурд како израсно средство на најпознатиот по тоа апсурден автор, велат од тимот.


Модерен крој добива силниот концепт на авторот поаѓајќи од неговиот штоф преку режисерската призма во која јасно се говори за денешните општествени проблеми од образовен како и од напреден поглед на луѓето. Критиката е истакната преку луцидната мисија на професорот кој неможејќи да се справи со новата генерација решава макивејалистички да направи избор и селекција на читавите од нечитавите суштества на планетата земја – вршејќи на некој начин – потполен од негов аспект – оправдан геноцид.

Физичкиот театар работен по стилот и правецот на Мејерхолд добива присуство во играта како симболично изразно средство генерално на главниот лик во претставата, истакнувајќи ја неговата агресивност во делото, која се засилува сè повеќе од почетокот до крајот на играта. Исто така со неа прогресираат и самите кореографии кои се се поистакнати кон крајот и поинтензивни.
Апсурдното на прв момент изгледа и невистинито – сè додека не започнеме да се бавиме со него.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: На денешен ден во 2010 година почина истакнатиот македонски карикатурист Делчо Михајлов

Делчо Михајлов е роден на 27 ноември 1947 година во Скопје. Тој беше македонски карикатурист, …