Во рамките на чествувањето на 80 години Македонски народен театар, денес ќе се одржи сеќавање во чест на актерот Кирил Псалтиров

Македонскиот театар со особена чест и задоволство ве поканува на сеќавањето во чест на актерот Кирил Псалтиров, кое се оддржува во рамките на чествувањето на 80 години Македонски народен театар.

Кирил Псалтиров беше актер кој долги години беше дел на театарот и за чија харизма и вештина останува да се зборува и денес. Сеќавањето ќе се оддржи денес, во 12:00 часот, во фоајето на Македонскиот народен театар.


Тој беше еден од првата генерација на актери кои излегоа од Академијата на драмски уметности во Скопје и целиот свој работен век го помина во Македонскиот Народен театар. Таму одигра бројни улоги во најпопуларните престави како Госпоѓа министерка, Чорбаџи Теодос, Женидба, Ревизор и многу други, а посебен печат остави со својата улога како Тевје во врвниот мјузикл Свирачот на покрив. Играше во многу македонски филмови како Пред Дождот, Најдолгиот пат, Време води, Пресуда, Мисија Лондон и многу други, како и во бројни ТВ серии како Илинден, Волшебното самарче, Во светот на бајките, но и во популарните македонските народни приказни и Трврдокорни, каде посебно забележани беа неговите улоги во кои ги глумеше војводите Христо Узунов и Дедо Иљо Малешвски.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Оркестарот на Македонската филхармонија ќе одржи концерт во „Златната сала“ на една од најзначајните светски концертни сцени „Музикферајн“ во Виена

Оркестарот на Македонската филхармонија на 28 октомври ќе одржи концерт во „Златната сала“ на една …