Во понеделник, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, ќе има дежурни билетарници, Жичарницата на Средно Водно ќе работи два часа повеќе

Ве информираме дека поради Меѓународниот ден на трудот – 1 Мај и верскиот празник Рамазан Бајрам, во понеделник (2.05.2022 год), јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред.

РАБОТНО ВРЕМЕ БИЛЕТАРНИЦИ
Во понеделник, од 7 до 14 часот дежурни ќе бидат билетарниците на Транспортен центар, Зелено пазарче и билетарницата во Ѓорче Петров.


Утре, сабота (30.04.2022 год), сите билетарници и центри за персонализација ќе работат вообичаено, а недела (1.05.2022 год) е неработен ден за сите продажни места.

РАБОТНО ВРЕМЕ ЖИЧАРНИЦА


Од недела (1.05.2022 год), Жичарницата на Средно Водно ќе работи два часа повеќе, односно од 10 до 20 часот.

Во период од 19-19.30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 19.45 часот е последно возење од врвот надолу.


Работното време е согласно Одлуката за работно време на Жичарницата во период мај – септември.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ПОБЕДНИК ЗА САМО 1 СЕКУНДА – Екстремно опасни каскадерски предизвици во полуфиналето на адреналинското шоу ТРИУМФ

Во Македонија постои неофицијален стереотип: сѐ интересно и важно се случува само во странство, но …