*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации и нуспојави обратете се на стручњак…
УБАВИНАТА зависи од многу критериуми кои не се исти за секого, и честопати немаат врска само со физичкиот изглед, туку и со убавината што зрачи одвнатре.
Зодијакот, наводно, кога станува збор за женската убавина е посебно наклонет на Терезиите.
Терезиите честопати се сметаат за најубав знак на Зодијакот и тие обично се украсени со вродена елеганција. Почесто отколку припадничките на другите знаци имаат симетрично лице, совршено обликувани усни, убави очи, и слатки дупчиња на образите што ги прават различни, егзотични и, на крајот, попривлечни од другите.
Покрај тоа, жените родени во овој хороскопски знак имаат изразена смисла за хумор, тие се многу весели и позитивни личнсти па затоа луѓето сакаат да бидат во нивно друштво.
Кетрин Зета-Џонс, Кејт Винслет и Моника Белучи се познати Терезии кои пленат со својата убавина.