Во месецот посветен на јубилејните проекции, вечерва во Кинотека ќе биде прикажан филмот „Како пропадна рокенролот“

Вечерва во Кинотека на Македонија, со почеток во 20:00 часот, во рамките на месецот посветен на јубилејните проекции, ќе биде прикажан легендарниот југословенски игран филм „Како пропадна рокенролот“.

Филмот премиерно е емитуван пред 35 години и спаѓа во рангот на култните филмски остварувања на југословенската кинематографија.


„Како је пропао рокенрол“ е југословенски омнибус филм што мајсторски ја спојува сатиричната критика на општеството, апсурдниот хумор и духот на една културна епоха. Со три приказни што се занимаваат со влијанието на рокенролот врз младите, филмот не само што го слави, туку и го деконструира митот за рокенролот како симбол на слободата, побуната и индивидуализмот.

 


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

3 изјави кои ги кажуваат само нарцисите и што всушност значат: Внимавајте бидејќи зад комплиментите се крие нешто сосема друго

Ајде да погледнеме неколку примери на реченици кои често ги кажуваат нарцисите, со објаснување за …