Шон Пен (64) за прв пат се појавил на црвениот тепих со својата нова девојка, 34 години помладата Валерија Ницов. Двојката присуствувалс на 21-то издание на Меѓународниот филмски фестивал во Маракеш во Мароко.
Пен на фестивалот пристигнал во класичен, елегантен црн костум, додека Валерија носела долг црн фустан без прерамки. Шон на фестивалот бил награден за неговата успешна актерска и режисерска кариера.
Ова е прв пат да се појават заедно на јавен настан, а Шон и Валерија првпат беа поврзани во септември, кога беа снимени како се бакнуваат во Мадрид.
Sean Penn (64) & gf Valeria Nicov (30) at the 2024 Marrakech International Film Festival.
#SeanPenn #ValeriaNicov pic.twitter.com/qrBf2ESmZf
— Celebrity Updates🧢 (@Shanznew) December 1, 2024
Тие подоцна се појавија на аеродромот во Лос Анџелес и повторно разменувале нежности во јавност. Во октомври заедно отпатувале во Париз, а биле неразделни во текот на целото патување.
Да потсетиме, Шон минатата година стави крај на врската со актерката Натали Кели. Од 2020 до 2022 година, тој беше во брак со актерката Лејла Џорџ.
Со поранешната сопруга Робин Рајт има две деца – ќерката Дилан и синот Хопер. Во доцните 1980-ти, тој беше во брак со Мадона. Тој неодамна во интервју за The New York Times изјавил:
„Едноставно сум слободен. Ако сакам да бидам во врска, сепак ќе бидам слободен или нема да бидам во врска и нема да се повредам. Не верувам дека љубовта повторно ќе ми го скрши срцето“.
Тој исто така рекол дека избегнува драма во врските и дека колешките од филмската индустрија му покажале дека врските не мора да бидат драматични или исцрпувачки.
Фото: Принтскрин/X