Во македонскиот Културно-информативен центар во Загреб беше претставен проектот „Македоникум

Во македонскиот Културно-информативен центар во Загреб, Хрватска, на 6 октомври, беше претставен проектот „Македоникум“ со музика од Давор Јордановски во изведба на „Ин медиас рес“ при уметничкиот центар „Полифонија“ од Скопје.

Пред концертот се обратија директорката на македонскиот КИЦ во Загреб, м-р Мими Ѓоргоска-Илиевска, и амбасадарот на РС Македонија во Хрватска, Н.Е. Милаим Фетаи, кои истакнаа дека со овој настан официјално започнува зимската сезона на програмата на КИЦ, која ќе биде исполнета со многубројни културни настани во интерес на продлабочување на културните врски меѓу Хрватска и Македонија и подигнување на нивото на културната дипломатија на Македонија.


Концертното претставување на овој проект беше уникатен спој на врвни македонски изведувачи и музика напишана во класичен стил каде што се комбинираат културни музички влијанија од повеќе делови на светот со познати македонски мелодии.

Во Загреб настапија: Сања Шуплевска – виолина, Марија Јаќимовска – флејта, Сашка Стојанов Крстиќ – виола, Орце Ицковски – фагот и Давор Јордановски – пијано.


 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Ѕвезда од 90-тите – Американската актерка која се прослави во „Сурови страсти“ и „Злосторнички умови“ снимена додека оди, за многумина е непрепознатлива

Американската актерка Џин Триплхорн неодамна била фотографирана за време на едно излегување во Лос Анџелес, …