Друштво на ликовни уметници на Македонија – ДЛУМ, ве поканува на 02.11.2023 година (четврток) во Културно Информативниот Центар – КИЦ во Скопје со почеток во 20 часот, на отварањето на изложбата „Мал формат/миниартура“.
Малиот формат и минијатурата се чести модели на запишување на фази од процесот на реализација на ликовните дела и со тоа се дел од тековната продукција на ликовните уметници. Во тој процес и продукцијата на финални ликовни дела во помал формат е од особено значење бидејќи дава посебно место на јасната идеја, прецизноста во реализацијата на делата и актуелност на понудениот концепт. На изложбата ќе бидат презентирани дела во дводимензионален и тродимензионален формат, цртежи, слики, колажи, скулптури, објекти, графики и дела во други техники, со што ќе се претстави ликовното богатство креирано од членовите на ДЛУМ.
И оваа 2023 година ДЛУМ со задоволство ќе ја продолжи традицијата и презентирањето на актуелни уметнички вредности пред македонската професионална јавност и пошироката публика. Со селекција на дела за оваа изложба, ДЛУМ ги поставува овие формати како инспирација на високо професионално ниво.
ДЛУМ за двете изложби ќе додели награди на авторите.