ВО ЕДЕН ДЕН ЗАБОЛЕЛЕ 314.835 ЛУЃЕ: Ковид 19 го „коси“ населението во Индија – црн рекорд по бројот на заразени и починати!

ЦРНИ рекорди со недели го зголемуваат бројот на заразени и починати од вирусот корона во Индија. Така, во последните 24. часа се разболеле 314.835 лица, што е најмногу забележано во една земја за еден ден од почетокот на пандемијата. Истиот ден починале 2.104 лица.
Бројот на регистрирани случаи на ковид 19 достигнал скоро 16. милиони. После САД, оваа азиска земја бележи најмногу заразени на планетата.


Новонастанатиот горечки проблем во пандемијата е недостаток на кислород за пациентите на респиратор, поради пренатрупаноста на болниците, но и се’ почестите случаи на протекување на кислород од шишиња, што ги „јаде“ последните резерви. Десетици пациенти во сериозна состојба во изминатите неколку починале дена само поради тоа.
Клучната причина за ненадејната избувнување на пандемијата во Индија во последните месеци е недостатокот на безбедносни протоколи, но и хинду-фестивалот, на кој учествуваа милиони граѓани. Покрај тоа, ситуацијата дополнително ја влошуваат разни нови варијанти на вирусот корона, особено таканаречениот двоен мутант, пронајден кај дури две третини од пациентите во државата Мараштра.


Поради сето ова, откажани се голем број предизборни активности, вклучувајќи ги и оние на премиерот Нарендра Моди, во Западен Бенгал, каде што изборите се одржуваа етапно во изминатите недели.
Со ненадејното зголемување на бројот на мртви, се создал проблем и со погребувањето. Илјадници нови „хинду гробници“ се прават секој ден на кои се кремираат тела, пишува Би-Би-Си. Според британските медиуми, еден од Индијанците принуден на овој чекор направил оган за неговата мајка, која починала на 59-годишна возраст од вирусот корона.
„Не бевме подготвени, како земја не бевме подготвени“, овој очаен човек кажува реченица која ја оцртува моменталната состојба во Индија.


Соевите се’ поинфективни
Професор по епидемиологија на Универзитетот Мекгил, Мадхукар Паи, вели дека новиот мутиран сој, кој сега е распространет во Индија, е далеку позаразен.
“Многу луѓе од него заболуваат многу брзо. Ние мора да продолжиме да ги прилагодуваме вакцините за да се бориме против новите видови. Треба да ја разбереме инфекцијата, што бара детално секвенционирање на геномите на мутантните соеви на вирусот”, вели тој. Професорот додава дека доцнењето во откривањето на двојни мутации придонело за големо ширење на ковид 19 во Индија.


Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Џорџ и Амал Клуни организираат петдневна хуманитарна забава: Билетите чинат 250.000 долари

Тие решиле хуманитарната акција да ја организираат на нивниот имот на езерото Комо. Холивудскиот актер …