Во „Антолог“ пристигна „Kај северниот ѕид“ – новата книга од авторкатa Петра Клабоухова

Од вчера, во книжарницата на „Антолог“  и онлајн на antolog.mk, нова книга од авторката на „Изворите на В’лтава“. Приказна базирана на вистински сведоштва за судбините на политичките затворенички кои поминале низ женските затвори во Чехословачка во 1950-тите.

Настаните се поврзуваат со сегашноста преку два лика во книгата – Мажот со дупка во срцето и Негувателката на тие што умираат. Во болницата за лица со терминални болести пристигнува нов пациент, Лудмила, со дијагноза која локалниот медицински тим не ја разбира. Негувателката се обидува да направи сè што е во нејзина моќ да ѝ помогне, но пациентката изгледа како да е обземена. Дали постарите жени прикриваат некое мрачно минато? Дали човековата злоба стои зад ова? И дали постои потреба да се истера ѓаволот од нивната совест?


Покрај суровоста на луѓето и општата неправда, ова е приказна и за силата на жената, мајчинството, староста. Насловот произлегува од географската локација на масовните гробници на жртвите од комунистичкиот режим, кои се наоѓаат „кај северниот ѕид“ на Ѓаволските гробишта во Прага. Романот разоткрива досега непознати детали за режимот што некои го сметале за добар, а чии извршители изјавуваат: само си ја вршев својата работа.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

МЕТЕОАЛАРМ АКТУЕЛНА НАЈАВА: Од вторник (11 февруари) попладне снег во западните и во југозападните предели!

Ладното време ќе продолжи и во текот на новата седмица, меѓутоа, од вторник попладне, па …