Влезниците за 30 години кариера на Ѓоко Танески во продажба од 20 јуни

На 20 Јули во Античкиот Театар во Охрид со почеток во 21 часот ќе имате можност да го чуете „Најдоброто од Ѓоко Танески“. На сцената ќе го придружува и “Камерениот Оркестар” од Битола” и специјалните гости: Драган Мијалковски и Николче Мицевски.

Планирана е изведба на неговите најголеми хитови: “Една Љубов Имам”, “Збогум Најмила”, “Мој Пријателе”,”Никогаш Доста”, “Цветај Расцватај”, “Купив се”, “Јас ја имам силата”, “Ти Должам се”…како и останатиот материјал од неговата кариера…


Влезниците се достапни онлајн на мктикетс, како и во продажните салони на литература низ републиката.

Оваа година е јубилејна за Ѓоко Танески, слави 30-години кариера, а јубилеите имаат смисол само ако се прославуваат и тоа заедно со драги луѓе.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Џорџ и Амал Клуни организираат петдневна хуманитарна забава: Билетите чинат 250.000 долари

Тие решиле хуманитарната акција да ја организираат на нивниот имот на езерото Комо. Холивудскиот актер …