Влажен бран од Медитеранот се приближува кон Македонија: Локално ќе има обилни врнежи од дожд!

Метео прогноза на Славчо Попоски:

Под влијание на влажен воздушен бран од Медитеранот, особено утре попладне, во текот на ноќта кон петок и во петок во Мкедонија ќе има повремени врнежи од дожд, и истите локално ќе бидат пообилни (со што локално ќе наврнат до околу, па и над 20 литри дожд на метар квадратен), особено во западните и во јужните предели од државава.


Снег ќе врне само на највисоките планини во северозападните предели од Македонија (односно на највисоките места на планината Шар Планина).

Заследете ја мојата официјална фејсбук страница Славчо Попоски – МЕТЕО Прогнозер и мојот официјален инстаграм профил https://www.instagram.com/slavchopoposki/


Во Скопје и околината исто така со овој влажен бран очекуваме повремени врнежи од дожд.

Од денес до петок повремено ќе дува засилен ветер од југоисточен правец (повремено и локално со брзина од над 60 км/час).


Што се однесува до температурите, тие и понатаму остануваат невообичаено високи за овој период од годината, што значи дека тие речиси насекаде ќе надминуваат 10 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели температурите ќе се искачат дури до околу 20 степени.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Гимназијата „Јосип Броз Тито“ од Битола, одбележа „80 години настава на современ македонски јазик“.

Со Свечена академија која се одржа во Центарот за култура, Гимназијата „Јосип Броз Тито“ од …