Владимир Четкар со пет концерти низ Америка оваа пролет – Чикаго, Њујорк, Детроит, Колумбус и Кливленд


Во Мај и Јуни Четкар ќе одржи пет концерти низ Америка со кои ќе го промовира својот најнов студиски албум ‘Let Us Be’.

Првиот настап е во Чикаго во Skadarliya овој Петок, Мај 16 а наредната недела, Мај 23, тој ќе одржи концерт во Њујорк во Chelsea Table and Stage.


Во Детроит, на 30 Мај, македонскиот музички автор и гитарист ќе настапи во Aretha’s Jazz Cafe at the Music Hall а наредниот ден, Мај 31, турнејата продолжува во Колумбус каде ќе настапи во Natalie’s Grandview.

Мини турнејата ќе заврши на Јуни 7, со концерт во Кливленд во Bop Stop at The Music Settlement.


На сите концерти Четкар ќе биде придружуван од врва интернационална екипа на музичари.

Турнејата е поддржана од македонското министерство за култура.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Енергија директно од природата: Nutrino Lab Energy Boost – нова природна линија на производи од Baby Food Factory

  Заборавете на сите брзи решенија за енергија, бидејќи вистинската, трајна енергија доаѓа од природата. …