Владимир Четкар со ново музичко видео за песната ‘Don’t Make Me Wait’ и концерт во Охрид на Август 3-ти!

Видеото се снимаше на повеќе локации во Охрид и Струга и е во режија на Бојан Симјаноски а во продукција на Harmonia Productions LLC.

‘Don’t Make Me Wait’ или ‘Не Оставај Ме да Чекам’ е комплетно авторско дело на Четкар на кое тој е потпишан како композитор, аранжер, текстописец, оркестратор, диригент и изведувач (вокал и гитара).


Песната ќе се најде на најновиот студиски албум на Четкар ‘Let Us be’ кој прво ќе биде ексклузивно издаден на 18 Септември во Токио од страна на познатата јапонска музичка куќа P-Vine Records за набрзо потоа да биде издаден низ целиот свет.

‘Don’t Make Me Wait’ е снимена комплетно со жива инструментација (гудачка, дувачка и ритам секција како и водечки и пратечки вокали изведени од Четкар) во Чикаго во студиото ‘Electrical Audio’ и во ‘Hi Fi Studios’ во Милвоки.


 


Исто така на Август 3-ти, Сабота, Четкар со својот Џез, Соул и Фанк Ансамбл ќе оддржи концерт во Охрид во ‘Despina Lounge’ која се наоѓа на крајбрежјето на Охридското Езеро со оддалеченост од само десетина минути одење пешки од каналот Студенчишта. За резервации и инфо за концертот сите заинтересирани можат да се јават на 074 233 898 / 074 244 159

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) НЕ ИМ СЕ ДОПАДНАЛО НА СИТЕ- Поранешниот агент 007 е ѕвезда на нова модна кампања, а за многумина бил непрепознатлив поради фризурата

Даниел Крег е ѕвезда на новата кампања на модниот бренд Loewe, а поради неговиот малку …