Владимир Четкар со нов студиски албум ‘Let Us Be’ на 19 Јануари

На 19 Јануари, Недела, на денот Богојавление (Водици), Владимир Четкар ќе го издаде својот нов студиски албум ‘Let Us Be’ на сите дигитални музички платформи во светот.

Албумот ‘Let Us Be’ кој досега беше ексклузивно издаден само во Јапонија преку музичката куќа P-Vine Records е четвртиот по ред студиски албум на Четкар во кој тој се јавува како комплетен автор (композитор, аранжер, продуцент, текстописец диригент и изведувач).


‘Let Us Be’ е сниман во Америчките студија Electrical Audio во Чикаго и Hi-Fi Studios во Милвоки со живи гудачки, дувачки и ритам секции.

Новиот албум на Четкар ќе е исто така достапен и во цеде издание а во Македонија ќе може да се купи во музичката продавница Чув Де Чув во Скопје.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

МЕТЕОАЛАРМ АКТУЕЛНА НАЈАВА: Од вторник (11 февруари) попладне снег во западните и во југозападните предели!

Ладното време ќе продолжи и во текот на новата седмица, меѓутоа, од вторник попладне, па …