На 20 Септември, Петок, во 22:00 часот Владимир Четкар ќе одржи концерт во Скопје во Lounge Restaurant Trend & Bistro London на Плоштад Македонија.
Четкар ќе настапи со сопствена авторска програма и аранжмани кои ќе варираат од Џез до Диско жанровите поврзани меѓу себе преку софистицираните улички на Соул и Фанк музиката.
На концертот во Скопје , Македонскиот музички амбасадор кој е еден од најиздаваните и најремиксаните авторски музичари од југоисточна Европа во светот ќе биде придружуван од врвни македонски музичари и инструменталисти како Ѓоле Максимовски на бас, Дино Милосављевиќ на тапани, Филип Стевановски на тромбон, Демир Кантуровски на труба, Борислав Веселинов на тенор саксофон и Филип Димишковски на клавијатури.
Картите за овој концерт се веќе пуштени во продажба и можат да се набават во вредност од 600 МКД на неколку локации низ Скопје меѓу кој Тренд во Сити Мол и Плоштад Македонија како и Шпајз Кафана во Дебар Маало.
Вратите се отвараат во 21:00 часот се концертот ќе започне во 22:00 часот.