„Визуелни Рефлексии“ – Изложбата на плакати од Лазе Трипков

Вечерва во ЛУ Народен музеј Велес, со почеток во 19:30 часот, ќе биде отворена изложбата на плакати од Лазе Трипков со наслов „Визуелни Рефлексии“.

Лазе Трипков е високо позициониран графички дизајнер и едукатор со страст за интердисциплинарна уметност и дизајн практики. Моментално е професор по визуелна комуникација и графички дизајн на Факултетот за уметност и дизајн при Меѓународниот балкански универзитет во Скопје. Неговата експертиза се протега низ креативни дигитални дисциплини, вклучувајќи VR (виртуелна реалност), дигитални медиуми, интерактивни инсталации и истражување, како и употреба на новите технологии во образование.


Лазе магистрирал на Академијата за ликовни уметности во Варшава и продолжил со пост-магистерски студии по мултимедија и дизајн на Академијата за ликовни уметности во Лоѓ. Истражувал за симболите и иконографијата на балканскиот регион како докторанд на Фулбрајт. Неговите дела се прикажани на 6 самостојни изложби и преку 75 групни изложби ширум светот, со што му донесоа престижни награди како што се наградата Златна пчела од Московското биенале за плакат и почесната награда од Чешката асоцијација за графички дизајн AUG.

Изложбата на плакати под наслов „Визуелни Рефлексии“ претставува дизајнирани графички дела – плакати, создадени во „Ковид“ пост – ковид периодот, односно од 2020 до денес, кои допираат до разни теми и зборуваат за преокупациите и идејното размислување на уметникот.


Ликовниот уметник, графичкиот дизајнер Лазе Трипков, при дизајнирањето на плакатот, кој како медиум за јавно информирање, во преден план ги става редот и функцијата, повеќе инсистира на ликовниот дел, наспроти текстот кој треба да ја пренесе информацијата. Тој е исклучително плоден и успешен во овој медиум, во кој преку дизајнерскиот дискурс и нарацијата на секој изработен плакат со иновативен пристап, преку уметничко обликување на графичкиот дизајн на плататите не информира, толкува и пренесува пораки кои допираат до разни теми, за што всушност е и намената на плакатот. Во плакатите формалните елементи на дизајнот, сликата, симболот и пишаниот збор се во непосредна визуелна комуникација, која станува еден од кодовите на новото време. Преку навидум едноставните цртежи воспоставува визуелен баланс во однос на ликовниот прилог и зоната на читање, интегрирани во композициската целина. Кај плакатите на Трипков текстот е секогаш составен елемент во дообјаснување на сликата, допринесуваќи кај гледачот окулу толкувањето на уметничко-ликовната представа, со што постигнува ефикасна визуелна комуникација со релевантната информација.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„РОМСКА ДУША” – Меѓународна ромска поетска вечер

Здружението на љубители на ромска фолклорна уметност “Романо Ило” од Скопје, вечерва,  ја организира првата …