ВИСТИНСКА РЕКОРДЕРКА – Во Чиле од коронавирус се опоравила жена стара 111. години

Во Чиле, 111-годишна жена целосно се опоравила од вирусот корона, објавија денеска локалните медиуми.
Според телевизискиот канал „24 Хорас“, резултатите од тестот за вирусот корона на 12. април покажал дека жената била позитивна.
Лекарите кои се грижеле за неа, рекле дека едвај покажала симптоми на болеста.
„Имаше треска само еднаш или двапати, но не кашлаше“, речкла Марија Паз Сордо, директорка на домот на старите луѓе, додавајќи дека жената претходно имала проблеми со дишењето.
Чиле го регистрираше првиот случај на вирусот корона на 3. март.
До денес, повеќе од 77.900 пациенти се регистрирани во земјата, заедно со 806 со фатален исход.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Корисни препораки – Овие додатоци во исхраната и витамини придонесуваат за процесот на слабеење: Вклучете ги во вашата дневна рутина

Во процесот на слабеење, клучно е да ја прилагодите вашата исхрана за да се обезбеди …