Викендов во Гевгелија ќе се одржи второто издание на фестивалот “Taste The South- ВКУСИ ГО ЈУГОТ”

По успешното, минатогодишно, прво издание на фестивалот “Taste The South- ВКУСИ ГО ЈУГОТ” фестивалот во Гевгелија го најавува своето второ издание.

Овој пат локацијата е на паркингот на новиот пазар Сава Михајлов, а датите на оддржување се 13-ти, 14-ти и 15-ти Септември.


Вкусна домашна храна, пијалоци и специјалитети од југот на Македонија ќе бидат достапни за дегустирање низ богатата културно-уметничка програма, за која ќе ве информираме во деновите што следат.

На сцената на фестивалот оваа година покрај бројните културно уметнички друштва и музичари од локалната сцена и регионот, ќе ги видиме и слушаме : – Викторија Лоба, Наум Петровски, Влатко Стефановски Трио, Пајак и Лара Иванова, Дац и Александар, Зијан, ХИТС ТРИО, Паркети, Фиц енд Д Инвизиблс(СТУДЕНИ Нозе), а за хуморот со свој стенд ап ќе настапи познатиот гевгелиски комичар – Дејан Малзарков Диверзија.


Не се изоставени ниту најмладите за кои повторно ќе има богата детска програма со детскиот фестивал КАЛИНКА.

Гевгелија се вклучува на мапата на фестивалски градови во Македонија, а фестивалот “Taste The South – ВКУСИ ГО ЈУГОТ” во Гевгелија еден препознатлив бренд на градот со голема перспектива да стане традиционален и регионален.


Очекувајте добра забава и повелете во Гевгелија да го вкусите и доживеете југот.

Подолу можете да ја видите целокупната програма на фестивалот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Комеморација во чест на оперската првенка Ирена Кавкалевска (1973-2024)

Денес, со почеток во 10:30 часот на големата сцена во Националната Опера и Балет, ќе …