ВИКЕНДОВ ТРЕТО ИЗДАНИЕ НА СКОПСКИ ГРАДСКИ ФЕСТИВАЛ

Скопје го добива третото издание на Скопскиот Градски Фестивал кој ќе се одржи викендов. Во петок и сабота (6 и 7 мај) публиката ќе има можност да проследи исклучително интересни настапи на врвни музичари од различни музички правци и жанрови.
Во петок на 6 мај Фестивалот ќе се одржува во МКЦ а во сабота, на 7 мај СГФ ќе се одржи во Филхармонија. Концертите ќе започнат во 20 часот.
Исто како и минатите две години, и ова трето издание на Скопски Градски Фестивал донесува возбудливо музичко искуство кое ќе ни го овозможат најдобрите балкански и европски музичари.
На 6 мај, во МКЦ ќе настапат:
Мухамед Ибрахими – извонредниот македонски музичар, гитарист со уникатен на овие простори стил и израз. Неговата музика е фузија на рок, блуз и амбиент, со корени во балканскиот и ориенталниот фолклор.
Code 369 – во моментов најинтересниот македонски рок состав, составен од врвни музичари, со долгогодишно искуство. На настапот на СГФ ќе го промовираат материјалот од новиот албум „Стадиуми на љубовта“ (Stages of
Love). Code 369 се одликуваат со енергични живи настапи, инвентивно музицирање и фантастичниот вокал на пеачката Ирена Димовска.
Texas Flood – најпознатиот и најдобар балкански и европски R’n’B бенд ни доаѓа од Белград, предводен од Ненад Златановиќ (Mr. Swagger), легенда на ритам и блуз сцената. Ненад има настапувано со некои од најпознатите светски музичари меѓу кои Lance Lopez, Lucky Peterson, Anа Popović, Enrico Crivellar, Ian Siegal, Matt
Schofield, Alex Shultz, Big Daddy Wilson и Alto Reed.

This image has an empty alt attribute; its file name is СГФ-плакат.png
Влезот за публиката во МКЦ ќе биде слободен.
На 7 мај, во големата сала во Филхармонија ќе настапат:
Матија Дедиќ – најпознатиот хрватски и еден од водечките европски пиjанисти, композитор, син на Арсен Дедиќ и Габи Новак. Матија има настапувано сопознати музички имиња меѓу кои Alvin Queen, Martin Drew, Ron Ringwood, Boško Petrović, Marc Murphy Band, Patrizia Conte, David Gazarov, Gianni Basso, Miles Griffith, Onder Fokan, Jean Louis Rassinfosse, Anca Parghel, Tomi Emanuel, Lenny White, Kendrick Scott, Jim Madison, Jeff Ballard, Vicente Archer, Buster Wiliams, Larry Grenadier, N.H.O. Pedersen, Ron Mcclure, Marek Patrman и Salvatore Maiore.
Настапува и со најпознатите балкански музичари меѓу кои Здравко Чолиќ, Влатко Стефановски, Џибони и Тамара Обровац. Како лидер има издадено десет албуми.
Heller / Sasse / Gjakonovski / Kostadinovic Quartet – Квартет составен однекои од најдобрите европски џез музичари, ќе настапат за прв пат заедно воовој состав на СГФ. Четворица музичари со исклучителни кариери, секој поединечно настапувал со врвни имиња од европската и светска џез сцена. На контрабас ќе настапи Мартин Ѓаконовски, најпознатиот македонски џез музичар,кој живее и работи во Германија.
Концертите во Филхармонија на 7 мај ќе започнат во 20 часот, а билетите поцена од 500, денари можат да се набават преку www.bileti.mk
Фестивалот е поддржан од Министерство за култура и Град Скопје.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) И’ по смртта донира: Пејачот минатата година донирал два милиони фунти

Покрај бројните уметнички дела, тој го поседуваше и пијаното на Џон Ленон… Поминаа осум години …