Викендов беше доделена Државната награда „Св. Климент Охридски“ 2024

На 8 декември 2024 година (недела), во Кристалната сала на Собранието, во 12:00 часот, Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ ја додели државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2024 година за највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Република Македонија.

Државната награда „Св. Климент Охридски“ за остварување во областа на воспитанието и образованието ѝ беше доделена на проф. д-р Маја Бојаџиевска, универзитетска професорка, а наградата за остварување во областа на културата и уметноста, им се додели на: Милован Стефановски, писател; Мирослав Масин, сликар и Рефет Абази, актер.


 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

СЕ ПРИБЛИЖУВА МЕСЕЦОТ НА ЉУБОВТА: Овие 5 знаци треба да се подготват

*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации …