ВИДЕОТО СЕ ШИРИ ПО ИНТЕРНЕТ – Српскиот водител ја згрозил јавноста со изјавата за малолетниот син: „Ужас, ми се слоши!“

Последниве денови на интернет се шири стар клип од емисијата „Ако прозборувам“ на пејачката Гоца Тржан која се емитува на српската телевизија К1.
Имено, тема на емисијата бил разговор за интимните односи со децата, а еден од гостите бил и познатиот српски водител Милан Калиниќ.
Тој, имено, детално опишал како неговиот син, кога имал десет години, му признал дека гледал филмови за возрасни со пријател.
„Му реков: ‘Еј, добро’, а потоа син ми ми рече: ‘Знаеш ли ти што прават таму’.Јас му велам ‘Па знам, Вујо. Знам одлично што прават’“, рекол Калиниќ, па додал дека неговиот син му рекол дека „му се допаднало тоа што го видел“.


Милан продолжил да објаснува како тоа е „нормално и дека секој човек го прави тоа, вклучувајќи го и него“.
„По неколку дена пак ми вели: ‘Тато, едвај чекам да почнам да те е**м’“, рекол Калиниќ, а присутните во студиото почнале да се смеат.
Но, корисниците на социјалната мрежа Х го критикуваат водителот што јавно го посрамотил синот, откривајќи ги неговите интимни детали додека е во толку чувствителни детски години.
„Освен што го бламира својот син, само сакам да ве потсетам дека поради нереални очекувања, порното им направи повеќе штета отколку корист на мажите и жените во нивниот сексуален живот“, „Каков ужас, ми се слоши од видеото“, „Поради ова , децата имаат искривена слика за љубовта, интимноста и односот кон жените“, „Овој маж е целосна будала, а исто така и оние кои се смеат“, ова се само дел од коментарите под видеото.
Остри критики биле упатени и кон телевизијата К1, која одобрила емитување содржини во кои се споменува име на малолетно лице и консумирање еротска содржина, особено што се работи за телевизија која претендира кон национална фреквенција.

Фoтo: Принтскрин/YouTube


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) ТАЈНА ВЕНЧАВКА во Портофино: НОВАТА СОПРУГА на Борис Бекер зборува пет јазици, има три факултети и венчаница која го одзема здивот

Поранешниот тенисер Борис Бекер (56) тајно се оженил со Лилијане де Карваљо (34). Германскиот Vogue …