(ВИДЕО+ФОТО) Водителката на временската прогноза ја донела својата ќерка во програмата во живо

И’ гледачите и нејзините колеги ббиле шармирани од изгледот на малата Фиона, а преносот поминал без проблеми.
Метеорологот Ребека Шулд, која ја пренесува временската прогноза аа американската ТВ куќа, до неодамна работела од дома, а за време на преносот во живо ја држела во раце својата ќерка Фиона која има 13. недели.
Шулд за Yahoo Life изјавила дека вклучувањето на Фиона во снимањето е всушност идеја на нејзиниот продуцент што се случило непланирано. Таа идеја всушност ја покажала реалноста на спојување на родителството и работата за време на пандемијата на коронавирус.


„Неколку минути пред повторно да застанам пред камерите за следната временска прогноза, ќерка ми се разбуди“, објаснила Ребека.
Таа била убедена дека бебето ќе се однесува добро.
– Отидов до ѕидот пред кој снимам со неа во раце, а продуцентот ме праша дали и таа ќе биде во преносот. Бев уверена дека таа ќе се однесува добро бидејќи беше наспиена и знаев дека ќе биде среќна и задоволна. Така што, јас одговорив со „да“ на прашањето на продуцентот – рекла таа.


Ребека неодамна се вратила од породилно отсуство и сфатила дека нејзината одлука е дел од „новата нормала“ и далеку од непрофесионален пристап кон работата.
И’ гледачите и нејзините колешки биле шармирани од изгледот на малата Фиона, а преносот поминал без проблеми.

Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Во Културно Информативниот Центар во Скопје вечерва ќе биде отворена изложбата на слики од Владимир Темков

Вечерва во продажен ликовен салон на КИЦ во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе …