(ВИДЕО+ФОТО) ВО ЗНАК ЗА ПОДДРШКА – Шон Пен повторно ја посетил Украина и на Зеленски му подарил „Оскар“

Актерот Шон Пен по трет пат ја посети Украина и на претседателот Володимир Зеленски му подарил „Оскар“ како симбол на вербата во победата на Украина над руските окупатори.
Зеленски рекол дека оваа награда ќе остане во нивната земја додека не заврши војната. За возврат, тој му врачил на актерот Орден за заслуги од трет степен за зајакнување на меѓудржавната соработка и значаен придонес за промоција на Украина во светот.

Ова е трет пат Шон Пен да ја посети Украина од почетокот на војната. Во февруари тој сними документарен филм во оваа земја среде руската инвазија.
„Ако дозволиме Украина да се бори сама, душата на Америка е изгубена“, рече тогаш тој.



“Режисерот дојде во Киев за да ги сними сите настани што моментално се случуваат во Украина и да му ја каже вистината на светот за руската инвазија на нашата земја. Шон Пен е меѓу оние кои денес ја поддржуваат Украина во Украина. Нашата земја му е благодарна за таква демонстрација на храброст и чесност“, пишувало во соопштението.
Во септември, Министерството за надворешни работи на Руската Федерација го санкционираше Пен за поддршка на народот на Украина. Нему му беше забранет влез во државата.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Работилница за експериментални видео форми инспирирана од Меријам Тафакори

Во четврток на 27 март 2025 година, во 14:30 часот во КСП Центар-Јадро, ќе се …