(ВИДЕО+ФОТО) Васил Гарванлиев: „Бугарскиот пасош го имам 20. години – така реши фамилијата барајќи безбедност и иднина за нас! – Пред вас стојам без глума, со моето срце во ваши раце“

„Јас сум Васил Гарванлиев, роден во Струмица во 1984. година.Во 1997. година мојата фамилија одлучи заедно да се преселиме во Чикаго. После неколку години не депортираа од Чикаго и кога се вративме јас бев малолетен, фамилијата одлучи да направи неколку чекори за безбедност и иднина на сите нас. Мојата баба, мајка на татко ми е родена во село Игралиште, близу Петриќ што ни овозможи да добиеме бугарски пасоши кој го имам веќе 20. тина години. Законот во нашата држава Македонија е дозволено двојно државјанство. Имам живеено 10 години во Торонто, 8. години во Чикаго, по една во Лондон и Милано, неколку во куфер, патувајќи. Имам застанато на светските сцени во Парис, Амстердам, Цирих, Њујорк, Чикаго, листата продолжува…За мене најважното нешто но и најголема гордост е што првата реченица во мојата биографија низ цел свет е македонскиот баритон Васил Гарванлиев ја започна својата кариера на 7. години во својата родна земја.
Честа, желбата, одговорноста да бидеш претставник на Олимпијадата во пеење – Евровизија е огромна. Ја прифатив со отворено срце бидејќи знам каква е таа оговороснот и со душа чекам да застанам на сцената…
Ако некој е повреден од тоа што го направив ненамерно, јас се извинувам од сè срце, вели Гарванлиев, додавајќи дека не се извинува за тоа што е тој.
Вели, пред вас стојам без глума, со моето срце во ваши раце.


Во описот на видеото тој им се заблагодарува на интернационалните фанови за поддршката и објаснува дека морал да го тргне видеото откако „работите тргнале поинаку во неговата прекрасна Македонија“.


Но, вистински револт предизвика видеото во кое тој среќно кажува дека има бугарски пасош…


Дали јавноста ќе се смири или ќе се појават и други петиции останува да покаже времето, но од МРТ велат дека немаат намери да го менуваат изведувачот ниту пак спотот.

Фото: Принтскрин/Instagram


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Во ноќен клуб – Погледнете ја реакцијата на Шакира откако забележала дека некој ја снима под фустанот

На социјалните мрежи се појави видео од ноќен клуб во Мајами каде Шакира доживеала непријатна …