Русинот Едуард Викторович Никитин (42), кој го киднапирал момчето и го држел во заточеништво 10. години, добил 20. години робијаво строго заштитен затвор.
Несреќниот 19-годишник е откриен случајно.
Службеникот забележал двајца мажи со многу запуштен изглед, па решил да ги легитимира. Момчето Андреј немало документите, но го кажал презимето. Кога ја пребарале базата на податоци, полицијата сфатила дека станува збор за момче чие исчезнување било пријавено во 2007. година во Москва.
Андреј Примак живеел во дисфункционално семејство и на 9-годишна возраст пушел и пиел алкохол. Честопати бегал од дома заради мајката алкохоличарка која често го тепала.